еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од грип починале 49-годишно лице од Скопје и 65-годишно лице од Велес

Минатата недела се регистрирани два нови смртни случаи од грип.

Се работи за лица на возраст од 49 и 65 години од Скопје и Велес, кои биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми Септември.

Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети (бубрежни, кардиолошки, дијабет), а и двете не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип.

Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza А – несубтипизиран, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип за периодот од 19-25.02.2024 година, кој еМагазин редовно го пренесува.

Во текот на неделата се пријавени 820 случаи на грип/заболувања слични на грип, 40,8% помалку во споредба со претходната недела.

Во однос на возраста, 496 лица се на возраст од 15-64 години, 178 кај деца на возраст од 5-14 години, 74 кај лица на возраст над 65 години и 72 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години.

Највисока инциденца е регистрира кај децата на возраст од 5-14 години, а најмногу регистрирани случаи има во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лице од Скопје деветта жртва од грип

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.207: Нови 37 случаи на коронавирусот, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Починатите во пожарот во Тетово се на возраст од 29 до 79 години

Редакција

Заев во Владата ги информираше партиите од владината коалиција за договорот со Алтернатива

Редакција