еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Застарени ГУП-ови, често менување на ДУП-ови и голем број дивоградби: Истражување на ЦГК

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП), чија формална важност е истечена.

За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што биле предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени.

Наспроти законски предвидениот плански период од 10 години, во дел од општините ГУП-от не е сменет и по повеќе од 20 години, покажува истражувањето.

-Ненавременото ажурирање и изготвување нови ГУП-ови создава ризик од непланско управување со градежното земјиште и од загрозување на јавниот интерес и квалитетот на животот.

Дури три четвртини од измените на ДУП-овите се направени по барање на физички или правни лица, што значи дека е воспоставена пракса – планската документација да се менува и адаптира според потребите на надворешни субјекти, наспроти иницијативите за измени на ДУП-овите од страна на општината со кои би се предвиделе повеќе проекти за унапредување на јавниот простор, стои во истражувањето.

Секое трето барање за градба во периодот 2018-2022 година е одбиено или повлечено, што говори дека постапките за издавање одобрение за градење во општините, во определени случаи, може да бидат неправедно одолговлечени или, пак, да не е обезбеден воедначен третман на барателите, се вели во истото.

Барањата за легализација на нелегално изградените објекти доставени во 2018 година се над двојно повеќе од барањата за одобренија за градба доставени во период од цели пет години, од 2018 до 2022 година.

-Ова недвосмислено говори за последиците од донесувањето Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што се загрозуваат принципите на владеење на правото и планскиот развој на просторното планирање во земјата, се вели во истражувањето.

Истражување е спроведено во осум таргетирани општини (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Тетово, Струмица, Чаир и Штип).

Истражувањето е спроведено од страна на Центарот за граѓански комуникации, заедно со невладините организации вклучени во спроведување на проектот „Заштита од корупција“ (Младински културен центар – Битола, Рурална коалиција, Центар за интеркултурен дијалог, Еколошко друштво ‘Вила Зора’ Велес, Здружение на граѓани Центар за истражување и анализи НОВУС Струмица, Здружение Мултикултура, Здружение на граѓани ЗИП Институт за политики и добро владение и ЕХО Едукативно-хуманитарна организација).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен Бојко Борисов

Редакција

Македонски инвеститори вложиле 470 милиони евра во акции од странски компании, најмногу во САД и Германија

Редакција

Ќе простат ли граѓаните евентуална амнестија за Мијалков, Груевски и останатите?

Редакција