еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе простат ли граѓаните евентуална амнестија за Мијалков, Груевски и останатите?

По исклучувањето на Сашо Мијалков, Никола Тодоров и пратениците кои гласаа за уставните измени од партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ, но и најавата на премиерот Зоран Заев дека е време за помирување се погласни се шпекулациите дека актуелната власт е подготвена да им ги прости обвиненијата за криминал на овие лица.

Индикативно е што пред гласањето на уставните измени беа ослободени сите пратеници учесници во собраниските настани на 27 април, како и дека ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Сашо Мијалков и Никола Тодоров дека токму тие најсилно влијаеле пратениците да гласаат за уставните измени.

Интересно е што во вчерашниот говор, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски отворено побара власта да донесе закон за амнестија за сите учесници во собраниските настани и нагласи дека само така ќе има неселектвна правда, што алудира дека во позадина се правеле „дилови“ за ослободување само на оние кои ќе гласаат за уставните измени.

Македонските граѓани веќе навикнаа различни владејачки гарнитури односно претседатели на држави да ги користат механизмите за да спасат осудени лица, а амнестија имаше и за учесниците во конфликтот во 2001 година.

Сепак, се наметнува прашањето зошто тогаш воопшто се формираше Специјалното јавно обвинителство и беа потрошени огромни средства за прогон на функционерите чии разговори, според обвиненијата, откриваат противзаконско работење.

Како и да е, на граѓаните им е веќе преку глава од злоупотребата на моќ и пазарањето меѓу политичките елити и треба да се очекува доколку навистина има простување на криминалот тоа да биде казнето на следните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Амнестија за сите учесници во настаните од 27 април

Ќе се формира Собраниско тело за помирување

Заев повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила судијката Вангелина Маркудова, чиј мандат во Уставниот суд заврши

Редакција

Каков имот пријавила Лиле Стефанова, новиот обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

Каков имот пријавил Јани Нича, еден од судиите кој ја пушти Јанева во домашен притвор

Редакција