еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се формира Собраниско тело за помирување

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов информираше дека се очекува од понеделник да се пристапи кон формирање собраниско тело за помирување, кое ќе води до помирување меѓу пратениците во однос на она што се случи на 27 април.

До неговото формирање тој, како што рече, не би сакал да изнесува никакви детали.

– Да почне целата постапка и како ќе се одвиваат ситуациите, така сите ќе бидат информирани, рече Костадинов.

Од петокот пред полноќ течат и петнаесетте дена, колку што има Владата рок да достави нацрт-амандмани на Уставот до Собранието.

Инаку, вчера обвинетите за насилството во Собранието во прогласот до јавноста рекоа дак прифаќаат национално помирување и обединување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите за насилството во Собранието подаваат рака кон Заев и прифаќаат национално помирување

Стартува промената на Уставот: Која е процедурата понатаму

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 534 болни од Ковид-19

Редакција

(ВО ЖИВО) Дочек на Ципрас и грчката делегација на скопскиот аеродром

Редакција

(Аудио) Објавени две нови „бомби“ поврзани со затворањето на „А1 телевизија“

Редакција