еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Бети пак ќе носи Прада

Не стивнуваат реакциите во јавноста за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои е и поранешната министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, кои одлучија да гласаат „за“ старт на уставните измени, со кои Македонија ќе добие ново име – Северна Македонија.

Таа и пред да гласа, беше јавно прозвана од поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова, да одговори дали ќе гласа или не за уставните измени.

По гласањето преку Фејсбук и се обрати и актерката Јелена Жугиќ, која во времето кога Канческа-Милевска беше министерка, беше директорка на театарот Комедија.

Таа напиша дека и било срам што таа била директор, а Канческа-Милевска ресорен министер за култура.

„Министерка бреее, ме јаде твојот срам највеќе…се срамам што бев директор, а ти ресорен министер за култура, сакав да верувам дека не ти лепело рачето…али тиии свака част сесре вмровке брееј по татко, дедо…сраму мој најголем.

Ма немам солзи да не исплачам, али имам љубов да се борам за Независна Суверена Македонија“, напиша Жугиќ на Фејсбук.

Како што е познато Канческа Милевска е првообвинета во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Тендери“.

Таа се терети за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, од проектот „Скопје 2014“.

Канческа Милевска се товари во овој случај, бидејќи без почитување на Законот за јавни набавки и без спроведување на јавно наддавање склучила договор со изведувач за дополнителни градежни активности на Музејот на ВМРО.

Тендерот бил во корист на градежната фирма АД „Бетон-Штип“, а со овој договор бил оштетен државниот буџет во износ од 1 милион евра.

Канческа Милевска на 29 октомври повторно ќе треба да седне на обвинителна клупа за овој случај.

Дали нејзината одлука да подржи уставни измени, ќе има влијание за овој случај, останува да видиме.

Фото: Фејсбук/Канческа Милевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ги предомисли пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ, Александрова и Исмајловска да гласаат „за“

Ќе се распадне ли ВМРО-ДПМНЕ по исклучување на 7. пратеници кои гласаа „за“ промена на Уставот

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

Ганка Цветанова со порака до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пожарот кај Велес изгоре 200 хектари борова шума, дел од железничка пруга, свињарска фарма и викендичка

Редакција

Телма, Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М се обединија во ММА Медиуми

Редакција

Орбан доби четврти премиерски мандат: Ова е голема победа, се гледа и од Месечината, а и од Брисел

Редакција