еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски инвеститори вложиле 470 милиони евра во акции од странски компании, најмногу во САД и Германија

Состојбата на средствата врз основа на портфолио-инвестиции (вложувања на резиденти во странски хартии од вредност) на крајот од 2020 година изнесува 470,9 милиони евра, од кои 435,8 милиони евра се вложувања во сопственички, додека 35,1 милион евра во должнички хартии од вредност, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Анализирано по земји, најголеми портфолио-инвестиции има во Соединетите Американски Држави во износ од 337,5 милион евра и Германија од 53,5 милиони евра.

Од аспект на оригиналната валута на вложување, најголем дел од портфолио-инвестициите се направени во САД долари и во евра (од 345 и 113,1 милион евра, соодветно).

Анализирано од аспект на секторот на домашниот инвеститор, осигурителните друштва и пензиските фондови имаат доминантно учество, чијашто состојба на портфолио-инвестиции изнесува 399,6 милиони евра, што претставува 84,9% од вкупните портфолио-инвестиции, на крајот од 2020 година.

Според секторот на нерезидентниот издавач, доминантно учество имаат вложувањата во хартии од вредност издадени од останатите финансиски институции  (освен пензиски фондови и осигурителни друштва и фондови на пазар на пари) и нефинансиските друштва (од 331,6 и 81,2 милиони евра, соодветно).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството почна истрага за изградбата на мостот „Око”

Редакција

Граѓаните повеќе ги интересира колку е богат Георгиевски, отколку за неговите ставови за решавање на спорот со Бугарија

Редакција

По една година затвор за тројцата обвинети кои го признаа делото за насилните протести за пресудата за „Монструм”

Редакција