еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија останува делумно слободна земја, во групата со Украина: Индекс на „Фридом хаус“

Македонија и понатаму останува во групата на делумно слободни земји, покажува новиот извештај на „Фридом хаус“, „Слободата во светот 2024„.

Резултатот на Македонија спордено со лани е намален за еден поен и сега изнесува 67 од вкупно 100.

Земјава во категоријата политички права има 28 од 40 поени, додека во однос на граѓанските слободи има резултат од 39 од вкупно 60 поени.

Едниот поен помалку за земјава е регистриран во категоријата политички права.

Македонија останува во оваа категоријата заедно со земјите од Европа меѓу кои се и Албанија (68 поени), Косово (60 поени), Србија (57 поени), Црна Гора (69 поени), Босна и Херцеговина (51 поен), Унгарија (65 поени), Украина (49 поени) и Молдавија (61 поен).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На огласот за претседател на државата на СДСМ се јавил само Ѓорги Филипов

Редакција

Земјотрес почувствуван во Охрид, епицентарот во Албанија

Редакција

(ВИДЕО) Кој се доби Оскар

Редакција