еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Продлжува сончевото и релативно топло време

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Како што соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и топло време за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски со Панчев и австрискиот амбасадор го гледаше натпреварот на Македонија со Австрија

Редакција

(Видео) Хит на Твитер: Ладнокрвно „мотање“ тутун сред жестоки протести за „Монструм“

Редакција

На Попова Шапка снежна покривка од 31 сантиметар

Редакција