еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 10. ноември нови правила за влез во ЕУ за граѓаните на Македонија

Од 10. ноември ќе има нови правила за влез во Европската Унија (ЕУ) за граѓаните на Македонија и други земји кои не се членки на Унијата.

Тогаш треба да стартува новиот систем за влез/излез (ЕЕС).

Со овој систем ќе бара од патниците да ги регистрираат своите биометриски информации кога пристигнуваат на граничен премин.

ЕЕС е поврзан со Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), кој пак треба да почне да се применува во првата половина на 2025 година.

Системот за влез/излез е автоматизиран ИТ систем за регистрирање на државјани кои не се членки на ЕУ кои патуваат на краток престој (90 дена во кој било период од 180 дена), секој пат кога ќе ги преминат надворешните граници на која било од земјите членки на ЕУ.

Тој електронски ќе го регистрира времето и местото на влез и излез на државјани од трети земји (не-ЕУ) и ќе го пресмета времетраењето на нивниот овластен престој.

Тој ќе ја замени обврската за печат на пасошите на државјаните на трети земји.

Со воведувањето пак на ETIAS, граѓаните на земји кои не се членки на ЕУ ќе треба да аплицираат онлајн за да патуваат во ЕУ за краток престој и да платат такса од 7 евра.

Откако ќе добиете дозвола за влез, овластувањето ќе важи три години или додека не истече патниот документ користен при аплицирање.

Ако добиете нов пасош, ќе треба да добиете ново овластување за патување – ETIAS.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејствата на жртвите од „Монструм“: Судот да даде одговор што се случило на 12 април 2012

Редакција

Без инциденти помина чествувањето на Илинден на Мечкин Камен

Редакција

Македонија падна за 7. места во Дуинг бизнис 2020

Редакција