еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Да го победиме разочарувањето и да ја сузбиеме корупцијата, порача Мицкоски за Денот на независноста

„Како нација имаме две големи цели. Првата – мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек кој е напластено од сите претходни порази и неуспеси. Втората е уште поголема цел, а тоа е да го сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството“, порача меѓудругото премиерот Христијан Мицкоски денеска на Свечената академија по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Мицкоски подвлече дека денес голем дел од луѓето сосема оправдано се разочарани од многу работи, но како што рече има надеж за промени и ќе се бори до последниот атом да покаже дека се поразлични од се до сега и дека ги менува работите.

Мицкоски е дециден и смета дека корупцијата ја разјадува државата одвнатре и ги руши темелите на доверба на институциите и порача дека како премиер ја зема обврска бескомпромисно да ја води оваа борба против криминалот со непоколебливост и со одлучност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“- слоганот под кој ќе се прославува Денот на независноста

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96 нови случаи на Ковид-19 од 1.688 тестови, 14 се реинфекции

Редакција

Ски-картите за Србија, Црна Гора и БиХ, може да се подигнат од Ресорт Маврово

Редакција

Нова партија во албанскиот блок: Основана Демократско движење на Меџити

Редакција