Владата го достави до Собрание Законот со кој државата ќе се задолжи кон Унгарија за 500 милиони евра.
Утре се очекува да се гласа потребата од донесување на Законот, по што ќе расправаат матичните комисии за финасирање и буџет и законодавно правната комисија.
Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период.
Реализацијата ќе се спроведува од Развојната банка, а на крајните корисници средствата ќе им бидат достапни преку комерцијалните банки во земјава.
Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.