еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство оформи предмет: Претреси во повеќе градови поради финансиски криминал

По доставено известување од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по чл.279 „даночна измама“ по чл.279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по чл.273 од КЗ.

„Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, издадени се наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, каде координирано постапуваат полициски службеници, истражители од истражен центар на ОЈО ГОКК и службени лица од Управата за јавни приходи.

При претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна обработка и анализа со цел обезбедување на материјални докази за потребите на водењето на понатамошна кривична постапка,“ велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Дури 63,4% од семејната потрошувачка оди за храна, облека и домување

Редакција

„Боки 13 шокираше со изгледот“: Судењето за „Рекет“ топ тема во регионот

Редакција

(Фото) Спасовски дуваше свеќи во Берлин

Редакција