еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарските националисти да бидат прогласени за персона нон-грата, бараат од Демократски сојуз

Демократскиот сојуз ги осудува шовинистичките и сепаратистички изјави и пароли „Македонија е бугарска“ на групата Бугари предводени од европратеникот Ангел Џамбаски минатиот викенд во Скопје.

„Во Македонија сите граѓани, вклучително и оние кои се чувствуваат како Бугари, може да го негуваат својот етнички и културен идентитет, да формираат здруженија и да ги чествуваат настаните од историјата кои сметаат дека се значајни за нив, но тоа не смее да биде со негирање на македонскиот народ и неговиот идентитет и на штета на карактерот на македонската држава.

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните институции да ги прогласат за персона нон грата личностите како Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, кои со своите провокаторски изјави и настапи не придонесуваат за негување пријателство и добрососедски односи помеѓу македонскиот и бугарскиот народ и двете држави.

МВР треба да ги следи сите овие активности и во кординација со АНБ, да реагира и да презема мерки согласно законскитe надлежности,“ велат од Демократски сојуз.

Во соопштението се додава „нека ценат граѓаните дали со ваквиот однос треба Бугарите да бидат дел од конститутивните народи и да бидат вградени во Преамбулата на македонскиот Устав.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Бугари во Скопје на панихида на Мара Бунева, Џамбаски порача дека Македонија била бугарска

МНР побара од Софија да се огради од недоличните изјави на Џамбаски и Костадинов

Фото: Фејсбук/Џамбаски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Враќање во 20 век: Антени повторно на терасите за „скромна“ ТВ програма?

Редакција

Шефот на платеничката група „Вагнер“, Пригожин е во Белорусија во хотел без прозорци

Редакција

Голем пад на индустриското производство во јуни

Редакција