еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Љубе Бошковски кој е на црната листа на САД е соработник во Владата за привлекување странски инвестиции

Љубе Бошковски не е советник за странски инвестиции, туку со владин договор е ангажиран како соработник во службите во делот на привлекување на странски инвестиции, уште пред јас да дојдам како претседател на Владата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан дали во неговата канцеларија уште работи Бошковски, кој се наоѓа на црната листа на САД.

Ковачевски потенцираше дека Бошковски има активности во делот на промоција на државата во Хрватска, со оглед на тоа дека Хрватска е еден од инвеститорите во Македонија.

Според премиерот, моралните и етичките аспекти на ставањето на црна листа на кој било поединец се прашања за тој поединец, а нашите правосудни институции треба да ги испитаат сите наоди и да донесат соодветни одлуки.

-САД е најголемиот стратешки партнер на државата. Кај градоначалникот на Струга се работи за основи кои се сериозни, и непримерно е институциите на држава која се наоѓа на 8 илјади километри од тука да имаат основ за истражување, а нашите да немаат.

Да упатам порака до опозицијата да кажат каде го кријат предметот за нивната дивоградба која е конфискувана како нелегално стекнат имот, а тоа е дирекцијата во која се наоѓа партијата ВМРО-ДПМНЕ, рече Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се освен Мерко е на црната листа на САД

МИА/Фото: Бошковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

85,6% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходно заболување, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за струјата

Редакција

Останете дома за Велигден, но ако одите во црква направете го тоа со внимание и придржувајте се до мерките, порача Заев

Редакција