еМагазин
Image default
Македонија

Останете дома за Велигден, но ако одите во црква направете го тоа со внимание и придржувајте се до мерките, порача Заев

Премиерот Зоран Заев упати порака денешниот ден, Велики Петок, во пресрет на најголемиот православен христијански празник на победата на животот над смртта, наместо во храмовите да го поминеме дома, во кругот на семејството.

„И оваа година да се воздржиме од посета на црквите и манастирите и да ја упатиме благодарната молитва во нашите домови и во кругот на нашите семејства да го дочекаме светлиот ден – Воскресение, кога нашите срца ќе бидат преплавени со вечната светлина и надеж од веста за победата на животот над смртта, и со нова, обновувачка сила да извојуваме победа против искушенијата со вирусот.

Ако сепак одлучите да одите во црква, послушајте ги препораките на свештенството и направете го тоа со најголемо внимание со придржување на мерките за заштита, заради себеси и заради другите.

Да ја чуваме надежта што ја носи со себе Велигден дека оваа кризна состојба ќе биде надмината и ќе се вратат деновите кога ќе можеме да се собереме во нашите храмови и заедно да се радуваме на Христовото Воскресение,“ порача Заев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако има најава за причестување од иста лажичка го осудувам и апелирам да не се прави, вели Филипче

Владиката Петар за „Плусинфо“: Ни Свети Филипче нема да ја натера МПЦ да причестува со чисто лажиче

„Свети Филипче“ му возврати на Владиката Петар за причеста со едно лажиче: „Зачудува вашата реторика и негрижа“

Г.г. Стефан: Повикуваме на прифаќање на мерките, чување на здравјето, навремено примање лекови и вакцини

Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајцата лекари кои се вратија од Мадрид не се заразени со корона вирус

Редакција

Кој е Сали Мурати, новиот претседател на Уставниот суд

Редакција

Димитров: Од земјава за помалку од 24 часа заминале 1.331 граѓани

Редакција