еМагазин
Image default
Македонија

Димитров: Од земјава за помалку од 24 часа заминале 1.331 граѓани

Почитувани граѓани, синоќа апелирав да се воздржиме од патувања во странство. Од вчера на пладне до рано утрово, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1.331, објави синоќа министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил.

„Не сакам да навлегувам во мотивите. Можеби сите овие патувања биле нужни. Но, чувствувам должност да предупредам на алармантната состојба насекаде. Имам впечаток како недоволно да е јасна ситуацијата во регионот, во Европа и во светот.

Државите спуштаат рампи постојано, се затвораат аеродроми, се менуваат граничните режими, се забранува влез на странски државјани, се менуваат правилата на секои неколку часа.

Имаме граѓани по разни аеродроми, со откажани летови, со откажан бординг, бидејќи земјата на дестинација одлучила да дозволи влез само за своите државјани. Имаме луѓе со коли во колони во Словенија, во Австрија, во Хрватска …

Пуштаме дипломатски ноти со лични податоци на нашите граѓани врз основа на нивните телефонски разговори со кризниот тим во МНР. Некои конзуларни барања успеваат, некои не. Ние имаме контрола само врз своите, македонските граници. Ние не ги контролираме границите на други држави.

Во услови на ваква огромна глобална криза предизвикана од пандемијата на вирусот, со целосна непредвидливост на дневна основа, ние апсолутно не можеме да гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома тогаш кога сте планирале.

Истовремено, секое патување драстично го зголемува ризикот по здравјето не само за вас и за вашето семејство, туку за целата нација.

Драги граѓани, повторувам: Не патувајте!“, напиша Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Се затвораат сите гранични премини

Димитров: Ве молам не патувајте се откажуваат летови, државите ги затвораат границите

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за 18-годишникот кој фрли молотов коктел кон Собранието

Редакција

Заев ќе се вакцинира кога ќе стигне на ред и со вакцината која во тој момент е на располагање

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција