еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако има најава за причестување од иста лажичка го осудувам и апелирам да не се прави, вели Филипче

Ако има најава за причестување од иста лажичка во храмовите за Велигден тоа го осудувам и апелирам да не се прави, одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање на денешниот настан на примопредавање на донација од Словачка на четири респиратори за Клиниката за детски болести.

Тој уште еднаш повтори дека верските лидери се обврзале да апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките.

Во однос на отворањето на храмовите и џамиите, Филипче потенцираше дека тие и сега се отворени, и секогаш постои можност, граѓаните да ги прекршуваат мерките. Оттука, тој повика на одговорноста и свесноста на секој граѓанин за заштита на личното и колективното здравје.

Министерот за здравство вели дека не може Владата да донесува ригорозни мерки, а граѓаните да не се вклучат во нивното почитување, туку целта е, секој лично да придонесе.

Филипче апелираше на почитување на мерките, бидејќи како што потсети, сите мини-кластери потекнуваат од масовни собири и граѓаните преку сопствен пример да спречат ширење и да превенираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МПЦ-ОА бара верниците да ги почитуваат мерките против Ковид-19 за Велигден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали од протоколот за работни места: Растојание од најмалку еден метар дури и во лифтови

Редакција

Убава вест: Оздравени од корона вирусот 41 пациент

Редакција

Нови 163 случаи на Ковид-19, во Скопје 70

Редакција