еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој се освен Мерко е на црната листа на САД

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кадар на владејачката ДУИ е последниот функционер кој се најде на црната листа на САД.

Тој заедно со неговото семејство е на листата поради корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судски случаи.

Од Мерко и од неговата партија засега нема никаква реакција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Издржи Мерко, не си сам“: Твитер реакции

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа

Американската амбасадорка Анџела Агелер во периодот што следи најави и нови лица на листата од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмериканската црна листа за лица од Македонија ќе се проширува

Кој му прави друштво на Мерко

Американскиот Стејт департмент лани во април поради корупција на црната листа ги стави и поранешниот премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, како и нивните потесни семејства.

„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во земјата и ја намалија вербата на јавноста во владата“, соопштија од Стејт департментот.

Според Стејт департментот Груевски бил вмешан во коруптивни дејствија при што го користел своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист.

„Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил својата положба за да бара и прима мито заради владини договори, за незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политички полза за себе и за неговата партија“, соопшти Стејт департментот.

За Мијалков од таму велат дека во својство на директор на УБК бил инволвиран во коруптивни дела кои вклучувале користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист.

Според Стејт департментот, постојат веродостојни информации дека Мијалков го злоупотребил овластувањето од функцијата за да бара поткуп за склучени договори.

Тој, исто така се мешал во изборните процеси во своја и во корист на политичката партија.

На црната листа на САД е ставена и фирмата која што Груевски ја отвори во Унгарија, каде по бегството доби политички азил.

Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD, која што е отворена во 2021 година, а Стејт департментoт ја поврзува со Груевски.

На листата од претходно се наоѓаат и Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.

Повеќето од нив се ставени на оваа листа за време на администрациите на Бил Клинтон и Џорџ Буш помладиот, а најголемиот дел се поранешни припадници на ОНА и АНА, а дел се и поранешни пратеници.

Партиите пак на три од овие лица, Тачи, Адеми и Бошковски, ДПА, ДУИ, Обединети за Македонија се дел од актуелната власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рамиз Мерко на „тапет“ на Твитер откако САД го стави на црната листа

Фото: Унсплеш/Фејсбук/Груевски/Мерко/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студентите од ФИНКИ протестираа, бидејќи нема каде да учат

Редакција

Само во Албанија има пониска минималната плата од македонската

Редакција

(Фото) ДУИ како пример за кратенка во учебник по албански јазик за петто одделение

Редакција