еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Вештаци сведочеа во случајот за родилката од Дебар, но само за извадениот бубрег, не и за матката и јајникот

Со давање искази на тројца вештаци од Институтот за судска медицина денеска пред Основниот суд во Струга продолжи судскиот процес по предметот на родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која при породувањето со царски рез во Струшката болница и беа отстранети три органи.

Оштетената Веапоска, која при оперативниот зафат остана без матка, јајник и бубрег, по денешното рочиште рече дека исказите на вештаците за неа биле дополнителен стрес, нивните изјави ја навратиле на она што и се случувало за време на нејзиното породување.

Лично смета дека вештачењето било ограничено само на делови од медицинскиот зафат и се однесувало само на извадениот бубрег, а не и за останатите органи што и биле отстранети при хирурушкиот зафат.

– Сметам дека за се она што ми се случи одговорен е целиот медицински персонал на струшката болница, за се она што ми се случуваше од мојот влез во болницата се до денот на излегувањето…

Да потсетам до Обвинителството, до адвокатите, мене не ми беше изваден само бубрегот, туку и матката, за што воопшто не се зборуваше. Зошто ми е извадена матката, зошто јајникот и зошто јас повеќе нема да можам да станам мајка, нема да можам да имам други деца, рече оштетената Веалоска.

Адвокатот на оштетената, Сашо Јанев смета дека начинот на кој е дадено стручното мислење на лекарите од Судска медицина, укажува на предвидлив исход од судскиот процес, одбивајќи притоа да посочи што тоа значи.

–  Во вештачењето стои дека товарот на несовесното лекување паѓа на сите учесници во оперативниот зафат…Имињата и презимињата кој се учествувал во постапката стојат во обвинителниот акт, кој и колку несовесно постапувал…Што се однесува до мене, јас сите од струшката болница би ги ставил во обвинението.

Јас како полномошник сум пристрасен кога се однесува до мојата клиентка, меѓутоа ако се ставите себе си во нејзината позиција, да влезете здрав и да излезете од болница брз три органи, апсолутно треба да одговараат сите…Секој кој несовесно лекувал и се огрешил пред Законот треба да одговара, рече Јанев.

Следно рочиште од процесот што се води против тројцата лекари – гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска е закажано за 10 јули.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 11.422 лица се заразиле со Ковид-19 по вторпат, 19 од нив починале

Редакција

Сончево и топло време денеска, температура до 28 степени

Редакција

Новороденче почина во битолската болница, министерот Меџити вели дека било родено со тахикардија и имало белодробно срцево осивување

Редакција