еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

85,6% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходно заболување, најчесто кардиоваскуларна болест

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 10 октомври покажуваат дека од регистрираните смртни случаи од Ковид-19, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.580), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.283,0/100.000 жители.

„Регистрирани се 4.122 смртни случаи кај лица од машки и 2.727 кај лица од женски пол.

Кај 5.094 (85,6% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=4.140), дијабет (n=1.702) и белодробна болест (n=764).

Регистрирани се 5 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без симптоми 32,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Од Ковид-19 починале шест лица кои по втор пат се заразиле со вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Каде скрати пари Владата за да најде 3,4 милиони евра за референдумот?

Редакција

Мажот и жената сомнителни на корона вирус кои избегаа од штипската клиника се во домашна изолација

Редакција

Финансискиот пазар „не спие“: „Генерали инвестмент“ ја купува „Илирика фонд менаџмент“

Редакција