еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Финансискиот пазар „не спие“: „Генерали инвестмент“ ја купува „Илирика фонд менаџмент“

„Генерали инвестмент“ Словенија е во процес на преземање на „Илирика Фонд Менаџмент“ АД Скопје преку спојување со „Генерали Инвестментс“ АД Скопје.

Трансакцијата се случува по одобрувањето од Комисијата за хартии од вредност и по преземањето на „Илирика“, „Генерали инвестмент“ АД Скопје ќе го зголеми пазарното учество на 26 проценти на македонскиот пазар.

„Генерали Инвестментс“ АД Скопје е основана во 2008 година и управува со четири инвестициски фондови односно 31,3 милиони евра со приближно 2.000 клиенти.

По превземањето на „Илирика“, компанијата ќе превземе 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на 46 милиони евра и 3.900 клиенти.

„Ние ги интегрираваме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар.  За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група“, вели Лазе Камчев, главен извршен директор на „Генерали Инвестментс“ АД Скопје.

„Генерали“ е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. Основана е во 1831  година и присутна во 50 земји во светот со вкупна осигурителна премија од преку 69.7 милијарди евра во 2019 година. Со скоро 72.000 вработени обезбедува услуги за 61 милион клиенти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најопасен е увезениот „отпад на тркала“

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Руд-коп“ вреден 479,6 илјади евра

Редакција

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои злато на Балканско првенство во Турција

Редакција