еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Концерт во чест на Даниел Милошески – Данче, на 10-годишнината од смртта

Во спомен на љубовта за Данче“ – насловот на јубилејниот хуманитарен концерт закажан на 6. октомври во НОБ, во чест на 10-годишнината од смртта на еден од највлијателните и најпочитувани македонски музички менаџери и продуценти. Концерт во чест на човекот кој остави неизбришлив белег во македонската и балканската музичка индустрија Даниел Милошески – Данче.

Неговата работа и посветеност ги поставија темелите на современата македонска музичка сцена, а неговата енергија, посветеност и неуморна работа ќе останат како инспирација за сите кои се дел од музичката индустрија.

Во негова чест и со единствена цел да се одбележи наследството што го остави, со почит и благодарност за сѐ што направи за домашната музика на 6. октомври во НОБ ќе пеат: Ареа, Агни Авшар, Ана и Стефан Петановски, Бени и Нон стоп, ДНК, Златно славејче, Кристина Арнаудова, Николче Мицевски, Поп арт бенд, Пајак и Лара, Слаткаристика.

Комплетниот приход од овој проект ќе биде дониран за здружението Асоцијација за цистична фиброза.

Делото и името на Данче засекогаш ќе живеат во срцата на сите што го познаваа и соработуваа со него, а нека живее и идејата да им се помогне на оние на кои им е потребна помош.

Влезниците се пуштени во продажба од денес преку продажната мрежа на Мктикетс и чинат 1.000 денари.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скринизи за рано откривање на корона вирусот освен во Дебар и Струга, можно е да се прават и на граѓани во Скопје

Редакција

Заев на средбата со Радев во Брисел договорил посета на Софија неделава

Редакција

„Роби“ и понатаму ги гази „Македонски Телеком“ и „А1“ во бројот на претплатници на две услуги

Редакција