еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Инспиративна приказна на 99-годишна Израелка: Го преживеала Холокаустот и го прележа корона вирусот

Израелката Сара Ицингер во своите 99 години го преживеала Холокаустот, а сега се излекувала и од Ковид-19, по боледување од речиси еден месец откако се заразила во дом за стари лица во Ерусалим.

Покрај неа, се заразил и нејзиниот 96-годишен сопруг, но тој починал пред помалку од еден месец, објави Тајмс оф Израел.

Ицингер закрепнала и покрај голем број хронични болести што ги имала.

Откако го преживеала Холокаустот во Втората светска војна, таа се преселила во САД каде што го запознала нејзиниот сопруг, со кого има ќерка и 13 внуци.

Пред околу една година, сите се преселиле во Израел, каде Сара и нејзиниот сопруг живееле во дом за стари лица.

Фото: Times of Israel

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

Редакција

(Фото) Пендаровски на богослужба за Велигден со семејството во Галичник

Редакција

Нов проблем: Цената на нафтата може да порасне дополнително по нападот на Хунтите на Саудиска Арабија

Редакција