еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со корона вирусот

Министерството за здравство информира дека започнуваат координации со соседните земји за справување со корона вирусот, а овие подготовки имаат за цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување на внесување и ширење на вирусот и да се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа, соопшти денеска Владата.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирусот и одлука со која се дозволува службено патување на избрани и именувани лица во странски држави.

Во одлуката се наведува дека заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за корона вирусот за овие лица нема да се спроведува државен карантин по нивното враќање во државата.

Лицата се обврзани да ги почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести за одржување на потребно растојание и носење на лична заштитна опрема.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Експеримент во Јапонија покажува колку брзо се шири коронавирусот во ресторан

Убава вест: Во Пехчево оздраве уште еден пациент заболен со коронавирусот

Во Прилеп петмина новозаболени од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ќе учествува на годишната средба на ЕБОР во Сараево со останатите лидери од Западен Балкан

Редакција

Од денеска се крева рампата за увоз на српската пченица, најави Николовски

Редакција

(Фото) Заев му посака добредојде на Ципрас во Охрид

Редакција