еМагазин
Image default
Македонија

Во Прилеп петмина новозаболени од корона вирусот

Според најновите информации, во Прилеп денеска се регистрирани пет нови случаи на заразени лица од корона вирусот што преставува пораст на новозаболените, за разлика од претходните денови кога имаше од еден до двајца случаи.

Излекувани се седум пациенти, со што вкупната бројка на излекувани е 127. Досега има починато 11 лица.

Пораст на бројките има и на пациентите кои се на Инфективното одделение во прилепската болница. Таму се хоспитализирани 18 лица, што е за тројца пациенти повеќе од вчерашниот ден. Од нив 13 се позитивни на коронавирусот, а поради потешка клиничка слика, еден од нив денеска ќе биде испратен на скопските клиники.

Во делот за изолација се наоѓаат петмина пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирусот, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 182 лица, што пак значи дека бројот е намален од вчерашниот ден кога беа евидентирани 234 лица.

Во изминатото деноноќие се забележани пет нарушувања на полицискиот час.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 95

Убава вест: Оздравени 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.229

Вкупно 1.694 заболени од корона вирусот: Потврдени нови 20 случаи, половината од Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Охрид опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи

Редакција

Придавката „македонски“ не се заменува со уставното име, велат од Комисијата за МИА

Редакција

Приведен поранешниот градоначалник на Демир Капија и претседател на Советот на општината

Редакција