еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавната седница ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули.

Според конечните резултати, Коалиција „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ освои 44 мандати, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

Според конечните резултати кои денеска ги објави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, Коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ освои 327.408 гласа, односно 35,89%, освоени 46 мандати, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57%, односно 44 мандати.

Партијата ДУИ освои 104.699 гласови или 11,48% – 15 мандати. Коалиција Алијанса/Алтернатива освои 80.000 гласови или 8% со 12 мандати. Левица – 37.426 гласови или 4,1% – 2 мандати и ДПА – 13.930 гласови или 1.53% – 1 мандати

Од другите партии кои учествуваат на овие избори, Интегра освои 12.291 глас или 1,35%, ГДУ, 3.555 гласови или 0,39%, МОРО работничка партија 3.245 гласови или 0,36 проценти, Глас за Македонија 2.800 или 0,31 процент, Единствена Македонија 2.600 гласа или 0, 29 проценти, СДУ 2.585 или 0,28, Твоја Партија 1.894 гласови или 0,21 процент, Демократи 1.558 гласови 0,17 проценти и Народна Партија на Роми, 1.225 или 0,13 проценти.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Винарија „Лазар“- убава семејна приказна и место кое вреди да се посети

Редакција

Денеска само 11 новозаболени од Ковид-19, но и мал број на тестирања 450

Редакција

Двајца припадници на Армијата, подофицер и војник позитивни на коронавирусот

Редакција