еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Миленковиќ: Ако некој каже дека доволно се спознал себе си и знае сѐ за животот, или лаже или е луд

Новинар, во една прилика го праша Новак Ѓоковиќ уште што му остана и што би сакал да освои во неговата спортска кариера, тој се замисли и одговори „па нема, нескромно кажано се сум освоил.“

Стефан Миленковиќ всушност е Новак Ѓоковиќ во музиката, во една метафоричка смисла. Виолинист со светска слава, познат уште од најраните години како „чудо од дете“.

Својот прв концерт го имал на само шест години, со преку 1.000 концерти до својата 16 година, настапи на престижни сцени како „Карнеги Хол“, Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, „Марински“ театарот во Санкт Петербург.

На Миленковиќ му го поставивме истото прашање како и на Ѓоковиќ, остана ли неисполнета желба, кога станува збор за кариерата.

„Тоа би го гледал низ призмата на работа на себе, односно некое истражување на самиот себе, некоја надоградба, подобрување, истражување на својата личност и своите можности, и во таа смисла таа работа никогаш не може да застане. Ако некој каже дека се спознал, дека знае сѐ за себе, дека знае сѐ за човекот како суштество, знае сѐ за животот, мислам дека или лаже или е луд.

Во таа смислам секогаш има некој аспект, кој може да се развие. Дали е тоа самиот живот, дали сме тоа ние, нашиот однос со другите луѓе,  а сѐ она другото околу тоа, дали се тоа концерти, различни проекти, лични или професионални предизвици, тоа е само консеквенца на тоа како му пристапуваме на животот. Во таа смисла, да, има уште многу работи кои сакам да ги направам,“ одговори Миленковиќ на прашањето на еМагазин.мк.

Често настапува во Македонија, и како што вели има своја лична и професионална историја во Скопје и во Охрид.

Како продолжување на некоја своја лична приказна, вечерва во Македонска филхармонија ќе настапи со „Профундис“.

За нив ќе каже дека имаат визија и знаење како да ја промовираат класичната музика, знаат како да го смислуваат проектите и да ги пласираат. Тоа луѓето го препознаваат и ги полнат нивните концерти.Така ќе биде и вечерва на распродадениот концерт во Македонска филхармонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стефан Миленковиќ и „Профундис“ најавија спектакулен концерт утревечер во Филхармонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев и Панделевски излегуваат од „Шутка“, добија мерка куќен притвор

Редакција

Скопски перверзии: Глутница кучиња, преплашени туристи и прес-дружба на Петре Шилегов

Редакција

Нова рекордна недела за БРАКО: 17 испорачани возила во европски земји

Редакција