еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место – плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.

„Не сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика.

Следните настани се исто така концепирани со театарска и музичка содржина, а настаните кои следат хронолошки се: 24.9 – „Пијан Славеј“, 25.9 – „Кец на десетка“, 26.9 – „Не се клади на Енглези“, 27.9 – „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, 30.9 – „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ – Скопје.

И за крај, на почетокот во месец октомври, ќе настапи Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на 1.10 и свеченото затворање на летната сцена го заокружуваме на 2.10 со култниот рок бенд „Архангел” – Македонски подобро звучи Едиција 4.

Сите настани се со почеток во 21:00 часот, а билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот,“ велат од МНТ.

Фото: МНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оздравени 339 болни од Ковид-19: Во системот „пронајдени“ уште 3.645 постари случаи

Редакција

Твитер доби конкуренција, Цукерберг го лансираше „Тредс“

Редакција

Реџепи од Алтернатива пак се предомисли, ќе гласа против Владата

Редакција