Гастрејд објави дека денеска терминалот за течен гас „Александрополис“ започнува со деловно работење.
„Тој е еден од најважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво, дизајниран, изграден, во сопственост на, и управуван од Гастрејд. Историски проект замислен пред 15 години од Димитрис Копелузос.
Проектот ќе придонесе кон енергетската безбедност и кон диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа.
Преку Националниот систем за пренос на природен гас (ННГТС, анг. NNGTS) ќе се испорачува природен гас до Грција, Бугарија, Романија, Македонија, Србија, Молдавија и Украина на исток, како и Унгарија и Словачка на запад,“ информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.