Влатко Ѓорчев, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ стана национален кординатор за демографија, млади и човечки ресурси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Влатко Ѓорчев стана национален координатор
еМагазин во серијал Ви пренесува каков имот пријавиле во Антикорупциската комисија дел од новите функционери.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа во скопско Бардовци, како и стан во Кисела Вода и куќа во Гази Баба, Скопје, кои се подарок.
Во Трстеник, Србија пријавил земјоделско земјиште.
Вози Фијат и Фолксфаген.
На свое име има и акции во компании во Германија и САД.
Освен сметки во Македонија има и трансакциска во Хрватска, на која има заштеда, а заштеда пријавил и на име на сопругата на сметки во САД.
Ја пријавил и платата на новата функција.
Пријавил и приход од дивиденда од САД.
Сопственик е и на трговско друштво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Лазо Узунчев, новиот директор на ЕСМ
Каков имот пријавил Орхан Муртезани, новиот главен преговарач на Македонија со ЕУ
Фото: Ѓорчев/Фејсбук