Унгарскиот бизнисмен Атила Бижен Жалили го купи скопскиот фудбалски клуб Вардар, информираа од таму.
Бижен Жалили купил 85 отсто од акциите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој е акционерско друштво.
Тој е сопственик на клубот од 7. октомври.
Унгарскиот бизнисмен се одлучил да го купи ФК Вардар, „благодарејќи на упорноста и аргументите презентирани од Миленко Неделковски„, стои меѓудругото во соопштението од клубот.
Фото: Фејсбук/ФК Вардар
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.