еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

АХВ потврди птичји грип во Скопската зоолошка градина, ќе бид затворена 21 ден

По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1, информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

„Во текот на денешниот ден, од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.

Наредени се мерки согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца.

Забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина, ограничено е движењето на луѓе (посетители) во зоолошката градина, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот на птичји грип, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето.

Мерките ќе бидат на сила 21 ден почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители.

Последните случаеви на појава на високопатогена авијарна инфлуенца беа во 2022 година, во населените места Градец, Лески и Виница, место Селце во општина Штип и во близина на Злокуќани, општина Карпош,“ се вели во соопштението

Авијарната инфлуенца или птички грип е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина.

Дивите птици се познати како резервоари за вируси на птичји грип, главно од ниско патогени соеви, затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на птичји грип кај дивите птици, иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.

Високопатогените соеви вирусот се патогени за живината, но како зооноза болеста може да се пренесе и на луѓето. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе, иако е повеќе години во циркулација во земјите од Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопската зоолошка е затворена поради сомнение за присуство на птичји грип

Фото: Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР ги охрабува Македонците во Албанија на престојниот попис да се попишат како Македонци

Редакција

(Фото) Вардар некогаш и денес: Фекалии и пластика наместо капачи и перачки

Редакција

Кој е Дарко Костовски, новиот градоначалник на скопски Бутел

Редакција