еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра

Халк Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 20 милиони евра, што претставува значајна докапитализација и силна поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанкаси АШ Туркије, информираат од Банката.

Комисијата за хартии од вредност на 46. седница донела Решение со кое се одобри 21. емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда.

-Со оваа емисија, Халк Банка АД Скопје издаде 123.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.230.000.000 денари.

Единствен купувач на новите акции е матичната банка Халкбанкаси А.Ш. Туркије, која континуирано ја поддржува банката во нејзиниот раст и развој.

Халк Банка АД Скопје е еден од водечките и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар, со постојан раст во сите сегменти на деловното работење. Таа е стабилна банка со значајна капитална основа, која се обезбедува преку реинвестирање на добивките во Северна Македонија и насочување кон одржлив раст.

Новата докапитализација е потврда за сигурноста и стабилноста на банката, како и за нејзината посветеност на долгорочен развој на македонскиот финансиски пазар, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Халкбанк купи осигурителна компанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Елена Реи со нови насловни и заштитно лице за козметичка куќа La Mer

Редакција

Фотографот Едмонд Амзаи е загинатиот мотоцилист, зад себе остави сопруга и син

Редакција

Убава вест: 55 оздравени од Ковид-19

Редакција