еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство отвори предистражна постапка, за назначувањето на Христовски за прв човек на АНБ

Основното јавно обвинителство – Скопје отвори предистражна постапка за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност, по наводите во јавноста дека сертификатот за положен испит за познавање англиски јазик е стекнат лажно, заради потребите да конкурира на функцијата.

Од Основното јавно обвинителство – Скопје информираат дека до нив се доставени две анонимни кривични пријави, па ги споиле во една и ја распоредиле кај јавен обвинител, на постапување.

Предистрагата се однесува на сертификатот за англиски јазик ТОЕФЛ, кој Христовски го добил од бугарската школа „Јулија“, со седиште во градот Пловдив. Обвинителството и претходно има постапувано по слични предмети, за кои веќе има и изречени пресуди поради признавање вина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска оформи предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник и 33-годишна жена загинаа во сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани

Редакција

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград, какви се цените

Редакција

(Видео) Триесет европски елени се „одомаќинија“ во Националниот парк Галичица

Редакција