еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Што предвидува Бизнис-планот на Алкалоид за 2024 година

Бизнис-планот на Алкалоид АД Скопје за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на компанијата на седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10 % на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2023 година, информираа од компанијата.

-Бизнис-планот за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на Планот. Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати може да варираат во однос на прикажаните во Бизнис-планот, велат од таму.

Кои се очекувања на Алкалоид за претстојниот период

-Трендот на работење во отежнати економски услови, кои беа актуелни во изминатите неколку години, сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки, кои, сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација, а можеби и на благо опаѓање.

Секако, глобалните безбедносни кризи ги отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста, што секогаш може да повлијае и врз цените на енергенсите, да создаде тешкотии во синџирите на испораки, но и да повлијае врз достапноста на одредени материјали.

Очекуваме во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во нови производствени капацитети и опрема и од вложувањата во развојно-истражувачки проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите.

За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава, но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и во усовршување на нивото на знаења и на вештини на нашите вработени и во градење таленти.

Во согласност со досегашните резултати, при непроменети услови на пазарите во кои функционира Алкалоид, менаџментот на компанијата проценува надминување на планираните консолидирани продажби за 2024 година и за првпат реализирање износ од над 18,5 милијарди денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во третиот квартал

Во Алкалоид во третиот квартал 222 нови вработувања во Македонија

Алкалоид со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра и извоз од 157,7 милиони евра во третиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска, двајца обвинители од Гостивар и еден од Скопје во трка за нов шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција

ЕУ постигна договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел

Редакција

Над 11.200 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Редакција