еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР набави нова машина за печатење на лични документи која треба тројно да го зголеми капацитетот

Министерството за внатрешни работи набави нова машина за печатење на лични документи, која тројно треба да го зголеми капацитетот и да го забрза издавањето на издавање на лични документи.

„Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава Министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој.

Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните, туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој уште еднаш апелираше до сите граѓани дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР ќе поднесе кривични и прекршочни пријави за протестот за „Монструм“

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Која е Вјолца Бериша, која ќе бие министер за земјоделие до избор на нова влада

Редакција