Нема нови информации во врска со бомбата која експлодира во семејниот дом на скопјанецот Раде Трајковски Штекли (40) во скопска Керамидница, кој со мали повреди заврши во болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Раде Трајковски Штекли, кој преживеа трет обид за ликвидација
Од Јавното обвинителство информираа дека е извршен увид на местото, дека се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија, а се обезбедуваат и снимки од видеонадзорите на објектите.
Слободен печат пак објави дека експлозијата се случила од десната страна на куќата, меѓу другите куќи, а неофицијално бомбата била активирана со далечински управувач.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Штекли се пофали со раните од куршумите, ги има дури пет
Во меѓувреме Трајковски на Инстаграм објави фотографија на која ги покажува моменталните, но и претходните повреди.
Оваа е трет напад на Трајковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За третиот напад на Раде Трајковски Штекли пишуваат и српските и хрватските медиуми
(Видео) Нападот на Раде Трајковски Штекли бил најавен на ТикТок
Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли
Фото: Инстаграм/Трајковски