еМагазин
Image default
Локално

Општина Чаир средствата предвидени за новогодишно украсување ќе ги додели на семејствата на жртвите во автобуската несреќа

Советот на Општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини ги загубија животите во трагичната несреќа што се случи вчера во Бугарија.

Како што информираат од Општината, едногласна била одлуката средствата предвидени за украсување на територијата на Чаир за новогодишните празници да бидат распределени на семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија.

– Советот едногласно ја одобри одлуката. Тоа значи дека од сметката 425990, програма Е0 одбиваме 1.200.000 денари и истите ги додаваме на сметката 412110 програма А0 – постојани резерви, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Советот на општината формираше и комисија со претставници од сите партии во Советот на Општина Чаир и еден вработен од општинската администрација, кои ќе одлучуваат за распределбата на овие средства.

– Нека им е лесна земјата на оние што ги загубија животите, а нивните роднини, пријатели, колеги нека живеат и нека се сеќаваат на нив, изјави градоначалникот Ганиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

16 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Чаир, градоначалникот Ганиу смета дека бројката е поголема

Повредените во сообраќајната несреќа во Бугарија, во петок треба да се вратат дома, двајца од нив се оперирани

(ВИДЕО) Осум се деца: 12 лица од исто семејство загинаа во несреќата во Бугарија

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внимавајте: Во Трубарево и Брњарци измами со набавка на дрво за огрев

Редакција

Еден загинат и тројца поврдени во сообраќајка кај охридското село Издеглавје

Редакција

Поради чести одрони се препорачува многу внимателно возење по патиштата во Дебарско

Редакција