еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Еден загинат и тројца поврдени во сообраќајка кај охридското село Издеглавје

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа, вчера на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје.

Несреќата, како што соопшти СВР Охрид се случила околу 18 часот меѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од селото Палатица, Општина Желино.

– Од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возсило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од селото Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген“ се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кината, театрите, балетот ќе работат со 30 отсто од капацитетот на салите

Редакција

Фотографот Плавевски: Звукот на белите дробови на заболените со Ковид-19 ќе остане со мене некое време

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција