еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Кината, театрите, балетот ќе работат со 30 отсто од капацитетот на салите

На веб страницата на Владата се објавени измените и дополнувањата на општиот дел од протоколот за начинот и условите за организација на настани (како Прилог бр. 33), кој се однесува на редовното работење, како и вонредните манифестации што ги организираат и спроведуваат кината, театрите, балетските претстави, оперските претстави, филмските проекции, концертите, мултимедиските проекти, фестивалите и манифестациите од дејноста на културата.

Согласно Протоколот и измените и дополнувањата, за време на одржувањето на овие настани, задолжително е носењето на лична заштитна опрема на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, одржување на физичка дистанца на публиката на настанот со обележани места за седење, поставени на дистанца од 1,5-2 метри и не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката.

Задолжителното одржување на физичка дистанца од два метри се однесува и на сите членови на тимовите задолжени за организација.

Според препораките, ограничен е капацитетот на посетители и тоа: настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители.

„За сите останати прашања, за организаторите и публиката важат веќе утврдените препораки во Протоколот за начинот и условите за организација на настани.

Важно е да се напомене дека со овој протокол, и со измените и дополнувањата не се опфатени приватните веселби“, соопштија од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: „Синеплекс“ ги објави новите правила за гледање филм во кино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виталиа“ ја освојува Кина: Успешно учество на Меѓународен саем во Пекинг

Редакција

(ВИДЕО) „Македонија“ ечеше во Струмица: Македонските ракометари ја победија Грција

Редакција

Фирми од Битола и Прилеп останаа без дозволи за одгледување канабис за медицински цели

Редакција