Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова не отиде на вчерашното отварање на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, на кое присуствуваа бројни странски лидери, меѓу кои и новиот американски претседател Доналд Трамп, како и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, но и еден од најбогатите бизнисмени во светот, Илон Маск.
Од Кабинетот на Сиљановска Давкова информираа дека причината била дефект на владиниот авион.
Македонската претседателка пред неколку месеци повторно на покана на францускиот претседател Емануел Макрон не беше ни на отварањето на Летните олимписки игри во Париз.
Тогаш од нејзиниот Кабинет информираа дека причината била дека сакала симболично да укаже на тоа дека државните пари треба да се трошат за приоритетни цели.
Фото: Кабинет на претседателката