еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 250 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ информираа дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми, во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника девет во текот на вчерашниот ден.

„Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 14 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациент“, наведоа од МЗ.

Од Министерството информираа дека голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 98 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, додадоа од МЗ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 132 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Уште не се знае колку дивоградби ќе се уриваат во Охрид

Редакција

Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски, сите наши идентитетски прашања се заштитени, тврди Ковачевски

Редакција