еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Конференција „Придобивки од интеграција на податоци и дигиталната трансформација во медицината“ во Клиника Жан Митрев

Потребата и користа од дигиталната трансформација на процесите и податоците во медицинската пракса беа во фокусот на дискусијата на конференцијата што се одржа во Клиника Жан Митрев. Темата „Придобивки од дигитализација и интеграција на податоци во медицината“ беше интересна за лекари, студенти, ИТ фирми со фокус во здравство, МАСИТ и претставници на министерствата.

Дејан Христовски од ИТ одделот на Клиника Жан Митрев, ги сподели искуствата од интеграцијата на податоци и предизвиците на тимот за дигитална трансформација во Клиничката болница Жан Митрев, како здравствен центар кој комплетно ја има имплементирано дигитализацијата во сите процеси од секојдневното функционирање.

Со практични примери тој ги презентираше придобивките од направената дигитализација, со што болницата уште пред неколку години стана лидер во регионот која нуди комплетно електронско следење на пациентот, без хартиена документација и без можност за злоупотреба на податоците.

На конференцијата своето видување за овој процес го претставија и д-р Горан Кунгуловски дискутирајќи на тема „Користење на јавни биг-дата сетови за унапредување на скрининг методи и терапии во рак“, д-р Миодраг Цекиќ, за „Онкологија од следната генерација: Вештачка интелигенција во биоинженерството за персонализиран третман на колоректален карцином“ и Синиша Јовиќ кој дискутираше на тема „Беспрекорна интеграција на податоци од медицински уреди: надминување на тековните предизвици.“

Конференцијата се одржа во Клиника Жан Митрев во соработка со Proxiad, регионална ИТ компанија за дигитални трансформации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фотографии од сообраќајката кај Росоман, во која загинаа две лица

Редакција

Младиот пливач Пејчиновски доби стипендија од Владата, одлуката му ја врачи премиерот Ковачевски

Редакција

Убиен скопјанецот Камер Идризи, а негов роднина се бори за живот на Клиника по синоќешното пукање во Бутел

Редакција