Економскиот раст во третиот квартал на 2024 година умерено забрза и достигна 3%, што е блиску до проекциите на Народната банка, информираат од таму.
„Растот остварен во првите три квартали од годината изнесува 2,6% и е малку повисок од очекуваниот, при нагорни ревизии во податоците за првата половина на годината.
Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот и динамиката на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти,“ се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народна банка ја намали каматната стапка за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%
Годишната стапка на инфлација забрза во ноември, заради цените на храната
Фото/Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.