еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Завар – македонски симбол на успех, иновации и глобално признание

Компанијата „Завар“ продолжува да го зацврстува својот статус како еден од најуспешните македонски брендови во Европа и пошироко. Годинава беше особено значајна за компанијата, исполнета со бројни награди и признанија кои го истакнуваат нејзиниот придонес во индустријата и иновациите, информираат од таму.

Марта Наумовска Грнарова, основачка и претседателка на Управниот одбор на „Завар“, ја доби престижната европска награда „Создавач на столетието“ за развој на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа, а која и беше врачена во октомври во Црна Гора, во рамки на 4 светски конгрес на претприемачи.

Ова признание ја истакнува визијата и лидерство во трансформирањето на „Завар“ во глобално успешен бренд, велат од таму.

Уште една престижна награда се најде на полиците на компанијата Завар. Имено, овој месец Здружението за најуспешен претприемач од Србија ја круниса работата на Завар и Наумовска Грнарова со титулата „Најдобар лидер во претприемачкото создавање 21 век“.

„Овие награди се повеќе од лична чест – тие се признание за тимската работа, за нашите вредности и за посветеноста што ја вложуваме секој ден. Тие нè поттикнуваат да продолжиме да бидеме иновативни, да создаваме и да го задржиме нашиот фокус на врвниот квалитет.

Клиентите и партнерите ни даваат сила да одиме напред, а ние постојано се стремиме да ја оправдаме нивната доверба. Секој успех е потврда дека се движиме во вистинската насока и служи како мотивација да поставуваме уште повисоки стандарди и да остваруваме уште поголеми достигнувања,“ истакна Наумовска Грнарова.

„Завар“ е компанија со 36 годишна традиција и јасна визија за иднината. Како водечки производител на опрема за процесната индустрија, компанијата применува процеси кои додаваат висока вредност и произведува садови под притисок и резервоари од не’рѓосувачки челик и специјални метали, кои наоѓаат примена на глобалните пазари.

Нивната експертиза е призната од многубројни клиенти ширум Европа, Обединетото Кралство, САД, Индија и Мексико, кои ја ценат комбинацијата на иновации, квалитет и ефикасност.

Дополнително, годинава Завар се претстави и на престижниот ACHEMA саем во Франкфурт, на кој е присутна од 2012 година и е единствена компанија од Македонија. На саемот учествуваат производители и даватели на услуги од над 50 земји, кои ги презентираат своите производи за хемиско, фармацевтско и биотехничко истражување и производство, како и енергетски и еколошки услуги.

Саемот ACHEMA е движечка сила и основач за меѓународните процесни индустрии и нивните добавувачи.

„Нашата мисија е да создаваме производи кои се не само функционални, туку и инспиративни.Се стремиме да внесеме нова димензија во секој производ, комбинирајќи врвен дизајн и технолошка извонредност. Веруваме дека иновациите и посветеноста на врвниот квалитет се основата за нашиот долгорочен успех.

Нашата цел е да создадеме решенија кои ќе ги инспирираат нашите клиенти, но и ќе постават нови стандарди во индустријата. Секогаш се стремиме да понудиме нешто повеќе, нешто што ќе ги надмине очекувањата и ќе остави траен впечаток.

Секој предизвик го гледаме како можност да растеме, да се усовршуваме и да го зацврстиме нашиот статус на глобалната сцена,“ велат од Завар.

Инаку, Марта Наумовска Грнарова е основач и претседател на Асоцијацијата за метална и електро индустрија – МАМЕИ која оваа година го одбележи својот 10-годишен јубилеј.

По тој повод, во октомври, се одржа индустрискиот саем „Енерготехнома“. Овој саем е платформа за заедничко претставување на членките на асоцијацијата, истакнувајќи ја важноста на индустриската соработка и развој. Со истрајност, иновации и посветеност, „Завар“ продолжува да биде инспирација и пример за македонскиот претприемачки дух, градејќи мостови помеѓу традицијата и иднината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските компании пред нова неизвесност, поради падот на германската економија

(Фото) Асоцијацијата за метална и електро индустрија МАМЕИ го одбележа своето 10-годишно постоење, еМагазин доби благодарница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Злоупотребено гостопримството на МНТ, да се плати надомест за штетата од навивачите

Редакција

Град Скопје вработува 21 лице, плата до 32.868 денари

Редакција

Пожарот на Галичица се гаси, се апелира да не се шири паника

Редакција