еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Се отвори ски-центарот „Михајлово“

Денеска во Кавадарци се отвори новиот скијачки центар „Михајлово“ на планината Кожуф.

„Одлични временски услови, доволно снег, одлично подготвена скијачка патека, вака изгледа скијачкиот центар „Михајлово“ во моментов, кој сигурно ќе стане омилено место за собирање, правење спомени и уживање во природните убавини на Македонија,“ изјави градоначалникот Митко Јанчев.

На отворањето присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

„Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не и само за кавадарчани, туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток само, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион, затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост,“ изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледа ски-центарот „Михајлово„ во Кавадарци

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Скопје: И влегол дома за да ја силува

Редакција

Детален преглед: Остатоци од кашест снег на коловозите, снежни врнежи само во Маврово

Редакција

“Имавме време колку да излеземе преку прозорецот“: Сведоштво на жена која со сопругот се спасила од пожарот во ковид-центарот во Тетово

Редакција