Синоќа во 23.30 часот на патниот правец Струмица-Дабиле ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и пет пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запален автомобил кој во моментот на пристигнувањето беше во разгорена фаза, информираат од таму.
„За кратко време пожарот беше локализиран и ликвидиран. Причинета е значителна материјална штета,“ велат од ТППЕ Струмица.
Видео:Фејсбук/ТППЕ Струмица/Фото: Принтскрин видео
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.