еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарски пасоши за Македонци на фиктивни адреси

Во Бугарија уште еден пример и истрага за тоа како државата издавала пасоши на Македонци, но и на граѓани на Косово и Молдавија.

Во селото Рилци, Благоевградско, од 2016 до 2019 година биле регистрирани повеќе од 4.000 македонски државјани, а истрагата на бугарските органи покажала дека тие биле издавани на непостиоечки адреси.

Како што објави БТВ, повикувајќи се на Окружното обвинителство во Благоевград, Живко Чукарски, поранешен градоначалник на селото изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани, без тие да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.

Тој признал вина и склучи спогодба со Обвинителство за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Македонија.

Во соседното село Бело Поле пак биле регистрирани повеќе од 10.000 македонски граѓани, кои мештаните никогаш не ги виделе, јавуваат бугарските медиуми.

За овој нелегален процес биле ангажирани над 100 медијатори кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите за вадење бугарски пасош.

Македонците биле ‘привилегирани’ при добивање на бугарски пасошии и плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

-Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските закони се добива статус на постојан претстој.

Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми.

И третата опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло, објави БТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците кои имаат бугарски пасош на фиктивни адреси ќе треба да платат прекршочна глоба?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Полицијата по втор пат го побара Груевски во неговиот дом, но не го најде

Редакција

Од денеска влез во Албанија без сертификат, земјата ги укина сите ковид-мерки

Редакција