еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цените да останат на истото ниво, апелираат од Владата до трговците

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржале состанок со дел од претставниците на производителите, дистрибутерите и трговците кои учествуваа во акцијата новогодишна кошница, која што се применуваше од 15 декември 2024 до 15. јануари 2025 година, информираат од Министерство за економија и труд.

„На листата на производи, како што е објавено и на веб-страната Моја кошница која штоја креираше Министерството за економија и труд за оваа акција се вклучени 1.178 производи од 96 производители и дистрибутери се вклучија 51 маркети, а акцијата се применуваше во 762 продажно место.

Во духот на социјалната одговорност и солидарноста, од Министерството за економија и труд беше напоменето дека очекувањата се сите учесници во малопродажбата – производителите на храна, дистрибутерите и ланците на маркети, ќе направат максимални напори и ќе ги задржат цените на производите на исто ниво по завршување на акцијата.

Акцијата за прв пат е иницирана и спроведена од страна на бизнис секторот и во текот на следните недели се очекуваат анализи на ефектите од ваквата акција,“ се вели во соопштението.

Од Министерството за економија беше потенцирано сите учесници треба да се воздржат од зголемување на цените на прехранбените производи кои беа дел од оаа акција и во таа насока се подготвени да комуницираат во духот на соработката.

„Беше упатен апел и опомена до сите чинители во ланецот на прехранбени производи во наредниот период да не дојде до зголемување на цените на основните прехранбени производи, по завршување на новогодишната кошница, за да не се носат мерки страна на Министерството за економија и труд, односно беше кажано дека Министерството ќе ги искористи сите механизми кои ги имаме на располагање за да се заштити стандардот на граѓаните,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши “новогодишната“, следни се “рамазанската“ и “велигденската“ кошница

ВЕРО ги замрзна цените на 100 производи за следните шест месеци

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.554 случаи на Ковид-19 од 4.153 тестови, 216 се реинфекции

Редакција

(Фото) Офицерскиот дом во Битола блесна во полн сјај

Редакција

Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро: Двајца осудени на доживотен затвор, се уште се во бегство

Редакција