еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Новороденчиња близначиња починаа во Прилепско, живееле во екстремно лоши услови

Вчера починале две новороденчиња близначиња, машко и женско, од прилепското село Славеј.

Јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт.

„Екипата на Итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало.

Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца.

Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп,“ изјави јавниот обвинител Стевчо Биноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новороденчињата починале поради премрзнување, велат од болницата во Прилеп

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

29 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

Редакција

„Виз ер“ крати летови од Скопје на девет линии

Редакција

Донесен здравствен протокол: Како ќе работат хотелите и туристичките објекти во Грција

Редакција